Најнови вести за лицата со Aлцхајмерова болест се вестите од минатото.

Алцхајмеровата болест е најчестото невро-дегенeративно заболување кај старите лица,
а во Македонија попознато како “склероза”.

02 ШТО Е АЛЦХАЈМЕРОВА БОЛЕСТ?

Денес во светот 1 од 6 луѓе постари од 65 години и скоро секое второ лице постаро од 85 години, боледуваат од Алцхајмерова болест.Со оглед на тоа дека светската популација старее, современата медицина ја опишува Алцхајмеровата болест како чума на 21виот век.

Зошто е важно дијагностицирање во раната фаза?

Со раното дијагностицирање и навременото третирање на Алцхајмеровата болест се зголемува животниот век на заболениот, а воедно се подига и самиот квалитет на живот. Притоа, лековите кои се наменети за болните од Алцхајмерова болест во оваа фаза имаат поголемо влијание при успорување на самата болест. Откривањето на болеста во првите стадиуми е од голема помош и за самите семејства на заболените, кои што ќе имаат повеќе време да се подготват и да ја испланираат грижата за заболениот од Алцхајмерова болест.

03 СИМПТОМИ

    • Заборавање на разни настани и информации кои што се случиле во блиското минато. Притоа, доколку оваа појава е честа и личноста не може да се присети на овие настани, тогаш е добро да се консултирате со матичниот лекар.

    • Луѓето кои што имаат Алцхајмерова болест најчесто наидуваат на пречки во секојдневните работи. Се случува да имаат тешкотии при подготовка на најобичен оброк, јавување на телефон или вклучување на телевизорот.

    • Тие што имаат Алцхајмерова болест често имаат и проблеми со говорот и изразувањето. Се случува да заборават одредени зборови и да употребат различни изрази за тој збор. На пример ако не можат да го најдат далечинскиот управувач, го бараат “она нешто за телевизорот”.

    • Дезориентираност е еден од симптомите на оваа болест. Често се случува луѓето со Алцхајмерова болест да се изгубат во своето соседство, да заборават каде се наоѓаат, како се нашле таму и како да се вратат дома.

    • Рационалнато размислување кај луѓето со Алцхајмер исто така се намалува и ослабува. Може да облечат зимска облека во летен ден или да имаат летна облека во зима.

    • Се јавуваат проблеми и со апстрактното размислување. На пример може да заборават што се броеви/цифри и за што служат.

    • Губење и разместување на одредени предмети. Оние кои имаат Алцхајмер често забораваат каде ги оставиле предметите или пак одредени предмети ги оставаат на чудни места. На пример, пеглата може да ја остават во фрижидерот.

    • Кај некои заболени се јавуваат нагли промени во расположението.Во еден момент се среќни, а веќе во наредниот се тажни или гневни.

    • Промена на самата личност. Болните од Алцхајмеровата болест целосно се променуваат како личности, можат да станат сомничави, плашливи, збунети и често да зависат од одреден член од семејството.

    • Губење на смислата за живот. Личноста со Алцхајмерова болест може да стане пасивна, да седи пред телевизорот со часови, да спие повеќе од вообичаено и да одбегнува секојдневни активности.

Како да реагирате доколку ги препознаете овие симптоми?

Доколку кај некој член од вашето семејство ги забележите овие симптоми. Тогаш најдобро би било да се обратите кај вашиот матичен лекар. Од матичниот лекар ќе добиете упат за клиниката за Неврофизиологија во која што ќе се изврши детален и професионален преглед на пациентот од страна на доктори сепцијалисти за оваа болест. Притоа ќе се утврди дали се работи за Алцхајмерова болест или пак за некој друг вид на деменција.

04 ГРИЖА

Кога некој сакан од вашето семејство е дијагностициран со Алцхајмерова болест многу прашања поминуваат низ вашата глава. Првото од нив е “Дали има лек?”. Но, за жал, не постои лек за Алцхајмерова болест, но затоа постојат многу лекарства кои ќе ја подобрат и стабилизираат состојбата на заболениот. Навременото дијагностицирање и редовните прегледи ќе ви помогнат да дознаете повеќе за болеста и начинот на кој треба да се грижите за вашите најблиски.

05 ТЕСТ

Направи тест за Алцхајмерова болест

  • ЧЕКОР 1
    Првиот чекор е цртеж на часовник. Дадете и на личноста која ја тестирате бел лист хартија и пенкало и кажете и да нацрта часовник на кој стрелките ќе покажуваат точно 3:40.

    ЧЕКОР 2
    Вториот чекор е оценување на цртежот.
    1 поен доколку се правилно распоредени бројките.
    1 поен доколку сите 12 броеви се вклучени во часовникот.
    1 поен доколку ги има двете стрелки од часовникот.
    1 поен доколку стрелките се поставени на точно време.

    ЧЕКОР 3
    Третиот чекор е оценување на тестот. Доколку личноста има 3 или помалку поени на овој тест, тогаш постои проблем и најдобро е веднаш да се обратите кај вашиот матичен лекар, кој ќе ве испрати до докторите специјалисти на клиниката Неврофизиологија.

06 ЧЕСТО ПОСТАВУВАНИ ПРАШАЊА

Мајка ми има Алцхајмерова болест, дали и ја ќе заболам од Алцхајмерова болест?
Алцхајмерова болест не е наследна. Ретки се случаите во кои постои директна поврзаност меѓу родителот и детето.

Дали постои начин да се заштитам од Алцхајмерова болест?
Алцхајмерова болест најчесто се појавува после 60тата година од животот. Официјални начини за првенција не постојат и не се знае точно кај кој може да се појави. Но, се препорачува здрав живот вклучувајќи здрава храна, постојана физичка активност и социјализација.

Дали постои лек?
Лек за целосно излекување од Алцхајмерова болест не постои. Меѓутоа постојат лекарства кои помагаат за успорување на болеста и подигнување на квалитетот на животот.

Колку луѓе заболуваат од Алцхајмерова болест?
Моменталните податоци покажуваат дека постојат 35 милиони заболени луѓе од Алцхајмерова болест. Но, со новите лекарства и продолжувањето на животниот век на човекот овие бројки постојано се зголемуваат.

Линкови / Ресурси

http://www.alz.org/
http://www.alzinfo.org/
http://www.alzheimers.org.uk/